За прв пат оваа година, веднаш после завршувањето на Богојавленскиот водосвет кој се одржа во дворот на црквата Свето Благовештение, претставници на свештенството од прилепското Архијерејско намесништво, без присуство на верници, по повод празникот ги осветија и водите на прилепското вештачко езеро.
Велат дека ова го прават за благослов и бериќет на градот, бидејќи од езерото се наводнува целото прилепско поле каде пак се произведува храна за луѓето. Осветувањето е направено и поради тоа што тука се имаат случено и неколку немили настани, а според свештениците со осветувањето пак на водата и нејзиното испарување се осветува и целата природа.
Погледнете како изгледаше чинот на осветувањето на водите на вештачкото езеро.
181