Битолските планинари предупредуваат на кривична пријава против градоначалничката на Битола за „Копанки“

Facebook
Twitter
Email
Print

Битолските планинари од планинарско – спортскиот клуб „Пелистер“ во можна правна битка со градоначалничката на Битола. Вчера планинарите излегоа на протест пред Општината Битола и го кренаа својот глас против локалната власт во врска со планинарскиот дом „Копанки“.

 

Овој објект после легализацијата со имотен лист припадна на планинарите  пред 5 години. Во меѓувреме, домот изгоре и до денес имаше само безуспешни обиди за негово обновување.

 

 

Легализацијата била поништена бидејќи планинарите не сакале доброволно да го отстапат домот на општината. Планинарите се обидоа преку суд да ја добијат правдата, но оштината ја повлекла урбанистичката сопственост која своевремено им ја дала.

 

 

Доколку таа урбанистичка согласност се поништи,  воопшто не се доведува во прашање нашата сопственост. Не знам врз кои основи Општината ќе почне да го гради „Копанки“-  вели Симе Алушевски, член на раководниот тим на ПСК „Пелистер“.

 

Не е исклучено, овој случај да има и кривично – правна завршница, со оглед дека некој ја злоупотребува својата положба и прави штета. Не само на ПСК „Пелистер“, туку и на цела Битола и на државата. – додава тој. 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци