Доктор Лилија Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари на Република Македонија (ЗПЛРМ) со реакција за соопштувањето дека вакцинацијата против Ковид-19 ќе се одвива преку „Мој Термин“ и матичните лекари.
– Ова е активност за вакцинирање, треба да се преземе кај оние вакцинални пунктови. Матичниот доктор повеќе не може да издржи дополнителни обврски. Ние не сме центри на вакцинација. Имаме огромен број на обврски, прегледи, ѕвонења, печатење документи. Гневот на крај секогаш завршува кај нас. Ние треба да советуваме и да ја подигнуваме свеста. Имаме огромен број на други заболувања, не е само коронавиурсот, истакнува претседателката на ЗПЛРМ, во вестите на Телма.
Здружението не било воопшто вклучено кога се правел планот за вакцинација и не било разговарано за тоа дали е изводливо матичните лекари да преземат дополнителни обврски.
– За се, ако сме партнери како трилатерала, треба да се договараме за нештата. Културно е некој да не праша дали можеме да прифатиме дополнителни обврски, вели претседателката.