Во Македонија снегот врне речиси насекаде, а екипите на ЈП „Македонија пат“ не ги исчистија патиштата навремено. ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот, а АМСМ соопшти за следниве забрани:
Од 18.50 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.
Од 18:30 часот се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Превој – Барбарас (Македонски брод – Прилеп)
Од 18:10 часот се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Прилеп – Кавадарци преку планинскиот превој Плетвар и патниот правец Крива Паланка – ГП Деве Баир.
Од 16:46 часот се воведува забрана за движење на тешки моторни возила на ГП Ќафасан.За останатите видови на возила се препорачува задолжително носење на зимска опрема во возилата и нејзина употреба ако условите на патот тоа го бараат.
Од 10:00 часот поради врнежи од снег и ниски температури се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража.
Од 07:00 часот, поради врнежи од снег, на патниот правец крак Маврово – Дебар се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила со приколка.