Во последните 24 часа полицијата им изрече парични казни на 490 граѓани кои не носеле маска или немале друг вид прекривка преку устата и носот, како превентива од ширење на коронавирусот. Бројката говори за број на казнети што е нешто над просекот во изминатите десетина дена.
Полицијата апелира да се почитуваат владините мерки за заштита од заразната болест.