ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ лаже, цената на струјата не е намалена

Facebook
Twitter
Email
Print

„Цената на електричната енергија не е намалена. СДС повторно лаже и манипулира со граѓаните кога зборува дека ќе има намалување на цената на електрична енергија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Според опозициската партија, граѓаните од нивните сметки за струја видоа дека цената што ја плаќаат за киловат час потрошена електрична енергија е иста како и претходниот месец.

 

„Бидејќи СДС очевидно ги лаже граѓаните со популистички соопштенија веднаш треба да им одговори на јавноста за колку е намалена цената на електрична енергија. Овој случај е само потврда дека СДС само ветува, а ништо не остварува. Граѓаните внимателно следат и ќе ги казнат лагите и расипништвото на владата на СДС“, се додава во реакцијата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи