Aнглискиот авантурист Том Морган реши да полета само со помош на обични балони полни со хелиум. Тој со само 100-на балони врзани за столче за кампување се издигнал 2,5 километри во воздух и прелетал 24 километри.
Речиси два дена поминал во полнење на балоните со хелиум. Летот го опишал како магичен.
„Проблем беше да се начекаат добри временски услови, но и заштитата на балоните кои постојано пукаа“, изјавил Морган по комплетирањето на летот.
Претходно имал три неуспешни обиди во Боцвана пред конечно да успее во Јужна Африка, северно од Јоханесбург.