Највисока снежна покривка има на Попова Шапка 13 см, 10 Крушево, 9 Прилеп, 5 Битола, Пожаране, Тополчани, 2 Крива Паланка, Маврово, Ѓуриште, 1 Охрид, Берово, Дебар.
Утрово најстудено со -7 Крушево, Маврово, -3 Охрид, Прилеп, Дебар, -2 Крива Паланка, Тетово, Претор, Битола, Берово, 0 Скопје-Петровец, Штип, Куманово, 1 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, 2 Демир Капија, Дојран, 4 Гевгелија.
Во текот на ноќта се задржа облачно, на планините на северозапад со врнежи од снег. Повремен слаб снег имаше во Охридско-Преспанскиот регион и во Пелагонија. Дуваше умерен, на места повремено засилен ветер од северен и северозападен правец, кој во Штипско достигнуваше брзина и над 50км/час. Утрово е сончево со мала до умерена облачност.
![](https://infokompas.com.mk//wp-content/uploads/2020/01/Matador-banner-300-149.jpg)