Морж заспал на санта мраз и стасал од Северниот пол до Ирска

 

 

На плажа во Ирска бил забележан морж кој веројатно стигнал дотаму на парче мраз од Арктикот. Се претпоставува дека моржот заспал на мразот. Петгодишно девојче и нејзиниот татко го забележале моржот на плажата во Ирска, на 14 март.

Повеќето моржови живеат во близина на Северниот Поларен Круг, или Арктичкиот Круг, каде што ловат школки во плитка вода и се одмораат на санти мраз и на плажите. Ваквите животни ретко може да се забележат во Ирска. Првиот морж во Ирска бил забележан во 1897 г., а следниот дури во 80-тите години на 20 век. Оттогаш биле забележани околу 20 моржа во Ирска.

Се претпоставува дека моржот што бил забележан во Ирска неделава е млад. Кевин Фленери, морски биолог во аквариумот „Дингл оушнворлд“, изјавил за локалните медиуми дека моржот веројатно заспал на санта мраз која се оддалечила од копното, а кога се разбудил бил предалеку во океанот.

„Се надевам дека откако моржот ќе се нахрани, ќе си  ја врати својата сила и дека ќе се врати назад кон Арктикот“, изјави Фленери.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи