Во Лос Анџелес се гради тунел каде автомобилите ќе се движат по електрична лента со брзина до 200 км/ч

Илон Маск за прв пат во јавноста објави фотографија од тунелот кој во Лос Анџелес го гради неговата компанија „The ​​Boring Company“. Се планира тунелот да функционира како експресен пат, а моќните електрични ленти ќе пренесуваат возила и капсули за транспорт на луѓе со брзина до 200 километри на час.

 

 

„The ​​Boring Company“ е основана како експериментален обид за овозможување на алтернативен градски превоз. Идејата на Маск е сообраќајот што ќе се одвива во подземните премини, да се реализира како транспорт на автомобилите користејќи електрична лента. Тоа е ефикасен и брз систем дизајниран исклучиво за автомобили.

 

Маск го одбра Лос Анџелес како локација за тестирање на идејата, поради близината на Хоторн, меѓутоа и поради тоа што градот е познат по страшните сообраќајни метежи. Целта на овој проект е да ги намали гужвите и времето на патување.

 

Претходно опремата и технологијата за копање, Маск ја тестираше под седиштето на неговата компанија „SpaceX“ во Хоторн, Калифорнија, како и во други делови од предградијата на Лос Анџелес, откако претходно „The ​​Boring Company“ во август доби дозвола за градење од градските власти.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи