Пратениците во Њујорк гласаа за легализирање на танцување во барови и ресторани укинувајќи го 91-годишниот Закон кој се забранува танцување во голем дел на градските места за излегување.
Од 1926 година во Њујорк не е дозволен танц во барови и ресторани кои немаат дозвола за кабаре.
Критичарите наведуваат дека т.н. кабаре Закон бил расистички и насочен против црнечките џез-клубови во Харлем. Помалку од сто ресторани и барови во Њујорк имаа кабаре лиценци за што е потребно одобрение од повеќе градски служби.