Полициски час од полноќ, се отвораат и фитнес центрите – најавено олабавување на мерките


Полицискиот час да трае од полноќ до 05 часот наутро, кафеаните да работат до 23:30 часот на отворените тераси, отворање на фитнес центри и теретани се дел од новите предлог мерки на Комисијата за заразни болести.

Министерот за здравство Венко Филипче денес објави дека новите мерки се веќе предложени до Кризниот штаб.

„Да се скрати рестрикцијата на движење, односно полицискиот час да трае од 24 часот до 5 часот наутро;

Угостителските објекти да работат до 23.30 часот, да се укине забраната за работа на фитнес центрите и теретаните;

Органзирање на настани на отворено и затворено со почитување на протоколите од 2020 година, односно присуство на 30 % од целосниот капацитет;

Капацитетот на градинките се зголемува на + 5 дечиња, односно од 15 на 20 деца во група;

Здравствените работници ќе може да ги искористат старите и новите годишни одмори“, стои во неговата објава, додавајќи дека истите се донесени врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во државата.

Новите мерки би важеле од 12 до 18 мај.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи