Екипите на електродистрибуција ќе работат на реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа.
Заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, на 12.05. два часа без снабдување ќе останат населените места кои припаѓаат на Корисничките Енерго Центри (КЕЦ), односно Еко Млин, с. Оревоец, с. Плетвар, Репетитори Мобимак, КРИН рудник, Теракота Рудник, Маврово Асфалтна база, с. Радобил, с. Тројаци, с. Дрен и с. Ракле.