Отпушок од цигара на британскиот премиер Винстон Черчил, што тој го фрлил за време на патувањето во Париз во 1947 година и го зел полицаец, може да се продаде на аукција, објави британската аукциска куќа „Белманс“.
Предметот ќе биде понуден на аукција што ќе се одржи од 25 до 28 мај. Почетната цена на отпушокот од цигарата ќе биде 1.200 фунти.
Aукциската куќа нуди и пар сатенски влечки кои некогаш и припаѓале на кралицата Викторија, според Индепендент. Направени во средината на 19 век, кралските влечки се украсени со рачно изработени златни нишки и одат „под чекан“ по скоро 202 години од раѓањето на кралицата и се очекува да достигнат цена од 3.000 фунти.
Џулијан Динин, експерт од Белманс, вели дека „во моментов има голем интерес за сувенири поврзани со важни историски личности“.