Затвореник од КПУ „Идризово“ пријавил дека бил силуван од друг затвореник.
– На 09.05.2021 во 16.05 часот 33-годишен затвореник од Велес пријавил дека на 27.04.2021, околу полноќ, во Казнено-поправната установа „Идризово“, со помош на Д.П.(27) од Скопје, Р.Е.(36) од Битола (исто така затвореници) извршил обљуба врз него, соопшти МВР.
Според пријавеното, тој бил сместен во иста ќелија со сторителите.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.