Зошто Прилеп не беше помеѓу првите градови кој ќе има пункт за масовна имунизација, кога ќе добиеме таков и каде, колку прилепчани се вакцинирани досега. Каква е актуелната состојба, за недостигот на медицински персонал во болницата, каде ќе биде во иднина психијатриското одделение, што со старото инфективно кое е руина, колкав е долгот на болницата, дали во лето ќе имаме колективен имунитет и кога може да ги симнеме маските. Интервју со Кети Смилеска директорка на општа болница Прилеп и Драгица Николоска, директорката на Центарот за јавно здравје.