Вицепремиерите Димитров и Битиќи и министерот за правда Маричиќ се вакцинираа, Маричиќ изјави дека не се привилегирани и не биле посебно третирани


Вицепремиерите Никола Димитров и Фатмир Битиќи и министерот за правда Бојан Маричиќ, денеска се вакцинираа на пунктот во Арената „А1“ во Скопје.

Димитров по вакцинирањето порача дека е важно што е можно побрзо и што е можно повеќе македонски граѓани да се вакцинираат.

Вицепремиерот Битиќи изјави дека обврската за вакцинација ја извршил поради тоа што пред 6 месеци во близина на вакциналниот пункт лежел 11 дена и бил на работ на неговата егзистениција, како и дека тоа го сторил и за белите мантили и здравствените работници.

Министерот за правда Маричиќ рече дека тие немале привилегија што денеска се вакцинираат со „Фајзер“ бидејќи минатата недела другите членови на Владата се вакцинирале со „Синофарм“.

„Минатата недела се вакцинираа со „Синофарм“, идната веројатно со некоја друга вакцина. Така што  нема никаква привилегија во таа смисла ниту пак се информиравме, ниту пак прашувавме со која вакцина ќе се вакцинираме. Стратегијата или ставот на Владата е како и сите други граѓани кога ќе дојдеме на ред која вакцина ќе дојде со таа ќе се вакцинираме. И во таа смисла не сме на ниту еден начин посебно третирани, посебно од сите останати коишто денес се вакцинираат во центарот Борис Трајковски“ нагласи Маричиќ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи