Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 10 до 16 мај 2021 година, во општина Прилеп имало 21 нов случај на Ковид-19, од последици на коронавирусот починале 3 лица.
Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 160. На болничко лекување се наоѓа 21 лице, од кои 17 се на кислородна поддршка. Во дневната болница се лекуваат 23 пациенти.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 8.264, а од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 414 лицa.