Спасевска од „Учебници и настава мора да има“ е повикана на две средби во Собрание


Драгана Спасевска, овластениот застапник на граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ и овластен предлагач на предлог за распишување на Референдум соопшти дека е повикана на две средби во Собранието на Македонија.

„Првата средба ќе биде со Комисијата за политички системи и односи меѓу заедниците. Втората средба е со Законодавно-правната комисија.

Се надеваме дека ќе наидеме на разбирање за проблемите и барањата.

За сите случувања навремено ќе бидете известени.

Ви ветувам дека ќе ги застапувам нашите заеднички интереси и ќе се залагам за остварување на нашите заеднички цели.

И ќе ја водам оваа битка до крај ,не само за нашите деца туку за сите следни генерации“, напиша Спасевска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи