ВИДЕО – И денеска нов протест во Прилеп против најавените реформи во образованието


Денеска во Прилеп на плоштадот Александрија  се одржа вториот по ред мирен протест против донесувањето на новиот Закон учебници и наставни материјали.

„Досега не добивме ниту еден одговор на нашите прашања и барања од страна на Министерството за образование. Ниту една институција не излезе да образложи зошто и на каков начин ќе се одвива наставата од септември. Како граѓанска иницијатива не се согласуваме со тоа што наместо хартиени учебници се воведуваат електроските учебници, а им се скратува можноста на децата да го користат учебникот како примарно средство за работа. Слушаме и тоа дека се воведува сеопфатно сензитивно родово образование, а досега никој не излезе и не кажа што поточно опфаќа тој термин и што нашите деца ќе учат под тој термин. Како граѓанска иницијатива сметаме дека застапуваме голем број родители од различна вера, националност и политичка определба. Нема да застанеме тука и ќе продолжиме нашите барања да бидат слушнати од страна на Министерството. Според нашите истражувања и контакти со родителите дојдовме до заклучок дека референдум е потребен, иако минатиот пат не ни дозволија и најдоа причина за да го одбијат нашето барање, денеска повторно потписите ги поднесовме до Собранието“, рече Драгица Мошкова, еден од членовите на иницијативниот одбор на овие мирни протести.

„Односот од Министерката Царовска е под секое ниво, пред се како човек, а потоа како еден Министер. Да реформи се неопходни, но на ваков начин и на ваков пристап не. Дигитализациија е потребна апсолутно, но како секундарен дел од образовниот систем. Има овде еден проблем кој никој досега не го отворил. Имаме миогу насоки во средните учиилишта во кои воопшто нема учебници за одредени стручни предмети. Значи не постојат пишани учебници. Е сега јас сакам да ја прашам министерката, ако за некои предмети за кои нема воопшто печатени учебници како за тие предмети ќе направат дигиталнии учебници? Значи тие насоки се стручни насоки. Во поглед на делот за пониските одделенија родово сензитивното образование тотално се коси со целокупниот здрав разум на народот која жиивее и дејствува во Македонија, без разлика на нивната вера, нација и каква и да е друга припадност“, истакна Крешимир Здравески, родител.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи