Потребата за промена на учебниците по историја: осовременување или политизирање?!


Во организација на Здружението на историчари на Република Македонија (ЗИРМ), денеска ќе се одржи научна трибина насловена „Потребата за промена на учебниците по историја: осовременување или политизирање?!”, прва од серијалот што ќе следи во рамки на одбележувањето на јубилејните годишнини од  револуционерната борба за државност и за независност.

Како воведничари на форумот се најавени претседателот на ЗИРМ проф. д-р Митко Б. Панов кој воедно ќе ја модерира трибината, и проф. д-р Катерина Тодороска, доц. д-р Игор Јуруков, м-р Александар Јаневски  м-р Борче Милошески.

 „Со овој настан, ЗИРМ, како најстаро здружение на историчари во земјата со седумдецениско постоење, го започнува серијалот на научни трибини, тркалезни маси, предавања, симпозиуми, адресирајќи ги актуелните прашања поврзани со македонската историја, историографија, државност, нација. На овој начин, ЗИРМ ги одбележува јубилејните годишнини од  револуционерната борба за државност и за независност“, стои во соопштението.

Со оглед на состојбите со Ковид-19 и протоколите кои го ограничуваат физичкото присуство, како што информираат организаторите,  покрај на Филозофскиот факултет, трибината ќе може да се проследи и преку платформата Microsoft Teams.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи