Kрводарителска акција во просториите на општина Прилеп


Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски на својот Фејсбук профил соопшти за спроведувањето на втората по ред крводарителска акција во просториите на општина Прилеп, која наишла на голем одзив од граѓаните.

„Имаме одличен одзив од граѓаните, со што уште еднаш се потврдува дека хуманоста и солидарноста во Градот Херој се на највисоко можно ниво.

Дарувајќи од драгоцената течност, односно дарувајќи дел од себе, покажуваме висока свест и разбирање за потребите на многу наши болни сограѓани и пациенти, за кои потребата од драгоцената теченост е итна и од животно значење. Од тие причини, сметам дека секогаш е добро време да се дарува крв, а пандемијата со коронавирусот не е и не смее да биде пречка за да ја покажеме нашата хуманост.

Упатувам срдечна благодарност до сите крводарители, како и до службите на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Црвениот крст од Прилеп, за денешната успешно реализирана крводарителска акција“, напиша Јованоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи