Заев за легализација на дивоградби: Најлесно е да бидете популисти и да кажете нема закон


Премиерот Зоран Заев посочи дека потребата од носење на новиот Закон за легализација на дивоградби беше поради тоа што престана да важи стариот и оцени дека новиот закон ќе овозможи приматели на социјална помош да не плаќаат ништо, напоменувајќи дека постои потребата од легализација на половина од постојните водоводни и канализациони мрежи, дел од локалните патишта и културни домови и обележја.

„Во вакви околности, најлесно е да бидете популисти и да бидете гласни и да кажете – нема закон. Но, што правиме со другите 50.000 дивоградби, со стовариштата, фабриките, кои не се спорни за никој, а треба да добијат имотни листови?“, вели премиерот Заев во интервју за „Фокус“.

Притоа, премиерот Заев изјави дека се слушаат укажувањата на стручната јавност, колективните згради не беа ставени во Законот, поради остварување бизнис и избегнување на Законот и дека УНЕСКО е комплетно вграден во заштитата на Охридскиот Регион, согласно Законот за управување и таму нема легализација. Исто така, нема да биде дозволено градење и во националните паркови и во сите заштитени подрачја.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи