Компанијата „Гентерм“ донираше 6 индустриски машини за перење и сушење и 750 м2 ламинат за детските градинки „Наша Иднина“ во Прилеп. Од оваа компанија денеска рекоа дека децата биле нашата иднина и затоа сакале да донираме токму за нив. Најавуваат и други донации.
„Дојдени сем тука денеска за да видиме и да разгледаме што можеме и како можеме да направиме за градинките во нашиот град и да ја провериме донацијата која ја дадовме во оваа и други градинки во градот. Денеска го проверуваме ламинатот кој го дониравме и машините за перење и сушење. Со нив сакаме да ја зголемиме енергетската ефикасност и да ги намалиме трошоците кои се даваат за потрошувачка на енергија. Нашата стратегија е да донираме за сите градинки, со тоа што минатата година разговаравме на еден состанок со директорот што е потребно за градинките и по кој редослед и по кој приоритет да се донира. Донацијата за градинките е започната уште во 2019 година. Лани со оглед на ситуацијата повеќе бевме фокусирани на донации кон болниците и медицинскиот персонал. Се надеваме дека од оваа година ќе се намали бројот на заболени од Ковид 19 и на тој начин ќе можеме повеќе да се фокусираме кон донирање и помагање на останатите институции како што се градинките. Децата се нашата иднина и затоа сакаме да донираме за децата“, рече
„Општественио одговорната компанија Гентерм денеска донираше една од најголемите донации во вредност од над 31.000 евра. Тие се состојат во 3 индустриски машини за перење и 3 индустриски машини за сушење. Тие се поставејни во градинките Гоце Делчев, Мирче Ацев, и Тризла. Исто така Гентерм донираше скоро 750 м2 ламинат за градинките, тоа е ламинат колку цел еден шлепер, во вредност од 6.000 евра. Донацијата е во целост спроведена, ќе оди чекор по чекор, сега се наместени првите машини, а потоа ќе бидат наместени и во другите градинки за околу 2 месеци“
Инаку според препораките на Комисијата за заразни болести се зголемува бројот на деца во групите во градинките и наскоро се очекува да се врати онаа бројка од 1.200 деца кои ги посетуваат градинките во Прилеп.