Одговорајќи на новинарски прашања по отворањето на првиот национален Стартап самит, премиерот Зоран Заев изјави дека би сакал наставата од септември да биде со физичко присуство ако КОВИД-ситуацијата тоа го дозволува.
„За училиштата имам свој став. Но, секако, најважно е каква ќе биде состојбата кон крајот на август. Сепак, јас лично сум за настава со физичко присуство. Мислам дека ќе имаме стабилна состојба и сега ова, кога бројките се намалени, би требало да биде добра основа за настава со физичко присуство. Ако потоа има потреба ќе одиме со затворање или други мерки“, рече Заев.