На регионалните натпревари по хемија кои се одржаа на 28 мај 2021 година во 22 училишта во Македонија со почитување на протоколите за реализација на натпревари со физичко присуство во услови на пандемија, млади хемичари од Прилеп успеаја да се искачат на врвот на ранг листите.
Иван Кузманоски ја освои првата награда, а Марија Котева ја освои третата награда. И двајцата се ученици при О.О.У. „Гоце Делчев“, Прилеп.
Иван Кузманоски со освојувањето на првата награда си обезбеди пласман на државниот натпревар кој ќе се одржи на 16 јуни, на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.