Денеска е светски ден на велосипедистите


Генералното собрание на ООН во април 2018 година, го прогласи 3 јуни за Светски ден на велосипедот.

Целта е да се посвети внимание на велосипедите во стратегиите за развој и нивно вклучување во меѓународните, регионалните, националните и локалните развојни политики и програми.

Резолуцијата ги потенцира придобивките на велосипедот како едноставен, сигурен, достапен, чист и еколошки одржлив начин на транспорт и го препознава велосипедот како средство за развој, поттикнувајќи ја креативноста и социјалното вклучување за обезбедување пристап до образование, здравје и спорт.

Во изминатата 2020 година и оваа тековна 2021 година, обележани со пандемија на коронавирус, велосипедот, како и во случај на претходни различни природни непогоди и економски кризи, уште еднаш покажа колку е прилагодлив и ефикасно средство за превоз и мора да биде неопходен дел од транспортните политики на иднината.

Денес означете го Светскиот ден на велосипедот со тоа што ќе го користите како средство за превоз до работното место, продавница и применете добра навика за велосипедизам во што е можно повеќе денови во годината.

Велосипедизмот во суштина е спорт во кој може да уживаат луѓе од најразлични возрасти. Возрасни ограничувања скоро и да не постојат. Тој може да биде сериозен, но во исто време и забавен и евтин начин за рекреација и авантуризам. Возењето велосипед во форма на спортска активност носи многуздравствени придобивки за човековото тело. Меѓу најважните придобивки од возењето велосипед би ги издвоиле следните:

  • здрав кардиоваскуларен систем;

  • зголемена мускулна сила и флексибилност;

  • подобрување на подвижноста на зглобовите;

  • намалување на стресот;

  • подобрување на држењето на телото и координацијата;

  • зајакнување на коските;

  • намалување на телесните масти;

  • подобарен имунитет и помала склоност кон заболувања;

  • подобрена концентрација и подобар ментален фокус;

  • намалување на аксиозност и депресија.

Многубројните кампањи и акции кои поттикнуваат да се користи ова средство влијаат позитивно, сметаат велосипедистите. Но, за целосно развиена велокултура – треба да се вложи уште многу.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи