Мерко: Не знам што сте запнале за 2-3 платформи, Радожда е постара од УНЕСКО

Facebook
Twitter
Email
Print


Радождани во Радожда се населени пред стотици години кога УНЕСКО не ни постоело, јас не знам што запнале за две-три платформи, рече струшкиот градоначалник Рамиз Мерко во гостување во „Утрински брифинг“.

Според него, во Струга секогаш се почитувале планови, особено обврски кога е во прашање заштита на Светското културно и природно наследство, но и секоја заштита која оди во прилог на заштита на животот на граѓаните, поколенијата, да се заштити се што е добро за векови.

„Да се исели, односно да се избрка, жртвува едно население, мислам дека се паушални напади и не е добро, и за нас како град, но и за населеното место. Би ги повикал сите институции да не говорат паушално, туку да дојдат на лице место, да установат што е тоа што ја пореметува заштитата на природно и културно наследство, да дојдат во време кога сум во тек со министерот за заштита на човековата околина околу доградба на колекторскиот систем од Елен камен до Радожда, така што се на некој начин ќе биде заштитено“, додава Мерко.

Градоначалникот вели дека Струга е цел на неосновани напади од поединци и групи.

„Ние не зборуваме за тоа дали сме против УНЕСКО. Град на УНЕСКО е Охрид, а целото крајбрежје на Охрид, од Св. Наум до Подмолје и целиот слив на сите села е во Охридско Езеро. Зошто не зборуваме за Љубаништа или Св. Наум, таму кафиќи има и во извори, не само во езера. Зошто не зборуваме за Трпејца, Пештани, Лагадин? Зошто не зборуваме за Охрид кога цел ред узурпира тротоари, зеленила. Не знам што се запнале за две, три платформи. Нека дојдат, ќе зборуваме, но никако паушално“, вели Мерко.

Според Мерко, од денот кога станал градоначалник градот го водел одговорно и целта била Струга да се направи најдобар на Балканот, но и пошироко.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи