БДП во прво тримесечје од 2021 година е 1.9 %, пад на економијата

Facebook
Twitter
Email
Print


Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за првото тримесечје од 2021 година е -1.9 %.

Во првото тримесечје од 2021 година, пораст е забележан во секторите:

Ѓ – Градежништво од 1.7 %,

Ј – Дејности во врска со недвижен имот од 0.5 % и

А – Земјоделство, шумарство и рибарство од 0.3 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2021 година, номинално расте за 1.8 %, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 65.5 %.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 18.3 %, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 11.2 %.

Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2021 година бележат опаѓање во делот на промената на залихите.

Извор: ДЗС

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира