ВИДЕО – Ристески: Заев договара декларацијата на бугарскиот парламент да влези како услов во преговорите за ЕУ


Од денес во Скопје и 10 други градови помеѓу кои и Прилеп, ВМРО-ДПМНЕ започнува предупредувачки протести под мотото „Излези за Македонија – Доста е“.

„Ова е како последица на информациите што како партија изминативе денови ги добиваме од извори блиски до Брисел, но и од официјална Софија, дека Зоран Заев со неговиот полтрон, преговарачот со Бугарија, Владо Бучковски, се на пат да и го зададат последниот удар на македонштината, односно да го зададат последниот удар на македонските национални интереси, македонскиот идентитет, македонскиот јазик, македонската посебност, историја, традиција и култура. Имено  се работи за тоа што најверојатно Зоран Заев не сработувајќи ништо за овие 4 години, испокрадувајќи ја Македонија, клекнувајќи ја на колена, нема како поинаку да се задржи на власт.

И покрај ветувањата за влез во ЕУ, започнување на преговори за влез во ЕУ и покрај неуспешниот референдум и покрај промената на уставот и уставното име продолжува пазарџиски се само со една цел да остане на власт да ги распродава македонските национални интереси.

Договара во моментов со привременета Влада во Софија декларацијата која ја изгласа бугарскиот парламент да влези како услов во преговорите за добивање на датум со ЕУ. Ова нешто ако се случи, ако македонскиот народ му го дозволи тоа на Зоран Заев ќе биде погубно за Македонија и Македонскиот народ.

Бидејќи понатаму нема да имаме билатерален проблем со Софија туку ќе имаме билатерален проблем со Европската Унија. Понатаму ќе мора да ги исполниме сите 20-тина заклучоци и точки во Декларацијата од Бугарскиот парламент со која се оспорува македонскиот идентитет, јазик, посебност доколку сакаме да станеме членка на ЕУ.

Одовде од центарот на Прилеп ги повикувам сите Македонци, сите прилепчани, сите граѓани на Република Македонија, да излеземе масовно на овие протести во овие неколку денови, кои ги организира ВМРО-ДПМНЕ заедно со Македонскиот народ да упатиме јасна и недосмислена порака до Зоран Заев дека нема да му дозволиме да ги распродава македонските национални интереси.

Ова е македонската црвена линија. Доста е! Излези за доброто на Македонија. И некои душегрижници ако понатаму прашаат „Каде е ВМРО-ДПМНЕ во моментов кога Зоран Заев ги распродава македонските национални интереси?“, ова е доволен показател. ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш е набраникот на македонските национални интереси заедно со македонскиот народ ВМРО-ДПМНЕ е на барикадите, бил и ќе биди во заштита на македонските национални интереси“, истакна Петар Ристески, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи