ВИДЕО – NASH -„темпирана бомба“ и најбрзо растечко заболување на црниот дроб во светот


НАШ е наречен „темпирана бомба“. Тоа е најбрзо растечко заболување на црниот дроб во светот. Симптомите на NASH се неспецифични и честопати погрешно се толкуваат. Проценките на преваленцата се разликуваат и веројатно се недоволно пријавени и неточни, што го отежнува квантифицирањето на обемот на проблемот и подемот на НАШ, неговите компликации и неговите придружни болести кои носат значителни економски и јавни текови здравствени трошоци за здравствените системи и нашето општество.

Нашата организација и оваа година го одбележува Светскиот НАШ Ден со повеќе цели меѓу кои би сакале да ги потенцираме следните:

  • Пред се оваа болест не е никако поврзана со конзумирање на алкохол, што значи сите се изложени на истата без разлика на возраст и пол,
  • Загрижувачки е што според сите истражувања најголем пораст на новодијагностицирани во светот е токму младата популација – деца. За децата, болеста е уште позагрижувачка бидејќи може да доведе до сериозни последици врз здравјето во зрелоста. Всушност, луѓето со НАШ имаат вкупна стапка на смртност од 7,9% во рамките на седум години после дијагноза.
  • Поради недостаток на јавна свест за здравјето на црниот дроб, а особено за NASH, на пациентите им е тешко е да направат разлика помеѓу симптомите поврзани со НАСХ и други здравствени проблеми. Пациентите, исто така, чувствуваат недостаток на соодветни информации, поддршка од нивните лекари и професионална здравствена заштита како и недостаток на едукација кај медицинскиот персонал кој би можело да НЕ направат испитувања за NASH, дури и кај пациенти со повеќе од еден висок фактор на ризик. НАШ има далекусежни ефекти врз јавното здравје што не се ограничени на црниот дроб. Болеста покажа значајни коморбидитети со различни други состојби – дебелина, дијабетес тип 2,  и хронично заболување на бубрезите.
  • Истражувањата открија и поголеми проблеми кои оваа болест ги предизвикува за квалитетот на животот и продуктивноста на работата кај пациенти со напреднат NASH. Пациенти со потешка фаза на болеста земааат често отсуство од работа поради лекарски прегледи, што во крајна линија доведува до промени во работното место. Отсуство на работа е исто така проблем со работодавците, предизвикувајќи изгубени плати, а понекогаш дури и губење на работа.

Нашето барање е да се изработи национален план за НАШ што ги вклучува сите релевантни  групи и заинтересирани страни:  пациенти, клиничари, медицински друштва, индустрија, здравствени системи, регулатори и креатори на политики.

Четирите критични клучни прашања кои мора да се решат и можат да спасат животи од оваа болест се:

  1. Недостаток на свесност и едукација – како кај општата популација, така и кај здравствените работници,
  2. Недостаток на свесност и методи за тоа како да се дијагностицира
  3. Недостаток на стандардизиран третман за НАШ – како да се постапува со пациентите и како да се лекуваат
  4. Недостаток на иницијатива за политики специфични за НАШ – што доведува до лоша подготвеност на здравствениот систем

Се надеваме дека Министерството за здравство ќе има слух за овие наши барања и во блиска иднина ќе ги отствариме.

Исто така наш предог е да има повеќе емисии од областа на кулинарството кои покрај традиционалнионалните рецепти ќе вклучуваат се повеќе здрави оброци, но и да предложат замена за некои продукти кои традиционално се користат, со нови и здрави продукти кои нема да го сменат вкусот на храната, но ќе имаат влијание врз нашето здравје.

Емисии со физички активности и вежби многу би помогнале во подигањето на свеста за здрав живот. Затоа повикуваме сите граѓани да обрнат внимание на нивната исхрана и начинот на живот, затоа што секој може да си помогне себеси за зачувување на здравјето.

Автор : Марина Илиеска, координатор на проект во здружението „Сочувај лекувај асоцијација на пациенти за болести на црниот дроб“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи