Опаѓа оптимизмот кај премиерот Заев за можен договор со официјална Софија во пресрет на самитот на ЕУ наредната недела.
Премиерот Заев планира посета на Бугарија и средби за продолжување на дијалогот во четврток. Без да открие повеќе детали дали добил нови сигнали од бугарскиот претседател Радев на вчерашниот состанок по Самитот на НАТО во Брисел, Заев вели средбата била многу важна.
„Многу важен беше состанокот со претседателот Радев. Продолживме во детали да разговараме. Имам чувство на 22 јуни нема да се реши проблемот со Бугарија, но не е невозможно да се реши. Причина за ова е што Бугарија има техничка Влада и технички премиер, и јас не сакам да ги дигнам очекувањата на нашите граѓани. Не е зијан ако направиме успех“, кажа Заев.