Според податоците на Министерството за здравство, нема починати лица од ковид-19 во последните 24 часа.
Направени се 2.887 тестирања,а регистрирани се 28 нови случаи од:
Скопје – 9, Кичево – 5, Куманово и Тетово – по 4, Прилеп и Охрид – по 2, Штип и Струмица – по 1.
На Инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ земјава лежат 96 и има околу 460 празни болнички кревети во Ковид-центрите.
Регистрирани се 34 оздравени пациенти од: Скопје – 18, Прилеп – 4, Куманово и Тетово – по 3, Битола – 2, Кичево, Гевгелија, Свети Николе и Делчево – по 1.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 155.568, бројката на оздравени пациенти е 149.676, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 420.