Прилепскиот второлигаш Победа ангажира три засилувања: Бојан Спиркоски, Дарко Дигаловски и Игор Момировски.
Бојан Спиркоски (26 години) е веќе докажан офанзивен везен играч кој треба да биде големо засилување на Победа. По заминувањето од Прилеп ги бранеше боите на Брегалница, Лабуништа, Силекс и Велешта.
Дарко Дигаловски (24 години) игра на стоперската позиција и треба да биде значајно засилување во одбраната на Победа.Претходно настапуваше за Металург во Првата лига, а потоа и за Тиквеш, Брегалница и Саса.
Игор Момировски (21 година) е играч од средниот ред. Тој потекнува од младинската школа на Пелистер каде настапувал и во сениорска конкуренција, а минатата сезона беше стандарден првотимец на Слога Виница.