Советот на општина Крушево ги известува граѓаните од населените места чии поседи беа погодени од временските непогоди кои се случија пред неколку дена да достават известување до Советот за да се изврши проценка на штета.
„Апелираме граѓаните да го направат тоа час поскоро во насока на побрза проценка на штета и прогласување на прироодна непогода на пределите каде е нанесена штета“, велат од Советот.
Граѓаните треба да ги достават овие известувања во писмена форма до општина Крушево.