Акциска контрола за моторџии: 156 прекршоци, 28 од возачи на мотори на подрачје на СВР Битола

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција казнила вкупно 156 мотоциклисти. Од нив 102 возачи немале заштитна кацига, а 33 немале возачка дозвола, oдносно потврда за положен возачки испит, додека пет мотоцикли не биле регистрирани.

Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Битола – 28, потоа на територијата на СВР Скопје – 22 и по 21 на териториите на СВР Тетово, СВР Велес и СВР Струмица.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи