Бројот на милионери ширум светот ја надмина границата од 20 милиони во текот на 2020 година. Бројот на луѓе чие богатство вреди милион долари или повеќе се зголеми за 6,3 проценти, на 20,8 милиони луѓе, во текот на годината на глобална пандемија на корона вирусот, објави консултантската куќа „Капгемини“.
Вкупното богатство во сопственост на таа група луѓе се зголеми за 7,6 проценти, на вкупно 80 илјади милијарди долари.
Земјите со најбогати луѓе се САД, Јапонија, Германија и Кина. Дури 63 проценти од светските милионери живеат во овие четири земји.