Гугл објави и отстрани 9 апликации за Android од PlayStore кои заедно имаат повеќе од 5,8 милиони преземања, а содржат малвер малвер што краде податоци.
Сите овие апликации им нудат на корисниците можност за вклучување во апликацијата само ако корисникот се најави на Facebook преку апликацијата. На тој начин, она што ќе го напишете како корисничко име и лозинка, се испраќа до компјутер кој е контролиран од хакерите, наречен command-and-control сервер кој ќе ви ги украде податоците.
Ако имате преземено некоја од овие апликации, препорачливо е да ги промените веднаш вашите информации за најавување на Facebook.
Деветте апликации кои се отстранети од Гугл:
Processing Photo
PIP Photo
Rubbish Cleaner
App Lock Keep
App Lock Manager
Lockit Master
Horoscope Pi
Horoscope Daily
Inwell Fitness