Пукање кај наплатната рампа кај Велес, двајца прилепчани дел од инцидентот


Двајца прилепчани впериле пиштол во полицајци на наплатна рампа кај Велес, по што се уапсени. Полициските службеници испукале и предупредувачки куршуми.

„На 05.07.2021 во Велес од полициски службеници од СВР Велес лишени од слобода се И.Д.(29) и П.Б.(42), двајцата од Прилеп, бидејќи во 19.55 часот кај наплатна рампа на автопат А1 Скопје-Велес, при обид за сопирање и контрола на патничко возило „ауди А3“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Д., П.Б, кој бил негов сопатник вперил пиштол кон полициските службеници, а во обид да избегаат ја оштетиле наплатната рампа“, информира полицијата. 

Известен е Јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи