Министерот за здравство, Венко Филипче на својот Фјесбук профил апелира на масовна вакцинација која е единствен начин да се спречи ширењето на делта сојот во земјава, а со тоа да се спречи и евентуален нов силен бран на вирусот. По детектирањето на 7 пациенти кај кои е утврдено присуство на индиската варијанта, се испостави дека истите не биле вакцинирани, што уште еднаш го потврдува фактот колку е потребно граѓаните што побрзо да се вакцинираат.
„Само вакцинирани може да бидеме заштитени од новите соеви на вирусот. Сите стручни светски анализи покажуваат дека вакцините се безбедни и ефикасни да не заштита од развој на тешка форма на болеста.
Делта (индиски) сојот е присутен во околу 100 земји во светот, оттука ние како држава не може да бидеме изземени тој да се рашири и кај нас. Состојбата во нашата земја, гледано од епидемиолошки аспект засега е мирна, секојдневно се следи ситуацијата и се прават анализи на истата. Сепак, делта сојот има висока преносливост, оттука важно е граѓаните масовно да се вакцинираат.
Веќе од понеделник 12 јули, вакцинацијата во државата ќе се одвива и без закажан термин, а ќе започне и теренската вакцинација така што вакцините ќе бидат достапни до секого и секаде“, напиша Филипче.