ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска испрати реакција во врска со неделниот протест поттикнат од новите мерки против коронавирусот.
АВМУ ги осуди навредите и вулгарните пораки кои беа упатени кон новинарите на протестот и потенцира дека ваквиот однос е директен напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана.
„Ги осудуваме сите форми на омаловажување и вербални навреди врз новинарите и апелираме да се почитува достоинството на новинарската професија, како и личното достоинство на медиумските професионалци. Потенцираме дека обезбедувањето услови за непречено работење на медиумските работници е неопходен предуслов за слободата на информирање“, наведува АВМУ.