Исчезна аргентинска воена подморница со посада од 44 членови

Facebook
Twitter
Email
Print

Подморница на аргентинската војска со екипаж од 44 лица исчезна денеска во морето, соопшти денеска портпаролот на морнарицата, Енрике Балби, додавајќи дека во тек е интензивна потрага за да се лоцира.

 

Последен пат подморницата ја пријавила својата локација во Аргентинското Море пред два дена, пренесува „Ројтерс“.

 

„Ги испитуваме причините поради кои не можеме да воспоставиме контакт“, рече Балби.

 

Според него, во вакви случаи кога има проблеми со комуникацијата, подморницата мора да излезе на површината

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи