Недозволиво е од страна на еден министер секој револт, секое незадоволство што се појавува кај земјоделците и тоа се изразува со единственото средство со кое можат земјоделците да привлечат внимание кај институциите а тоа е Протест, Да биде етикетирано од страна на министерот како партиски. Се вели во денешното соопштение на ноформираните тутунарски здруженија.
„На исти ваков начин ние организаторите на протестите за тутунарите бевме етикетирани, а сега тоа истото му се прави и на лозарите кои својот револт од ниските цени го искажаа пред винаријата Тиквеш и тие со една леснотија беа претставени како партиски протестанти.
Би апелирале до министерот да се зафати со решавање на роблемите со кои се соочуваме ние земјоделците, а не со изјави кои дополнително создаваат револт и се подценува нашата мака и труд. Нашите тутунски здруженија се во постојана комуникација со сите Земјоделски здруженија кои го организираа Петровден сиот Сеземјоделски протест кој како што знаете е ставен во мирување.
Во зависност од средбата која ќе ја имаат во среда лозарите и винариите со министерот, ако не остварат позитивни решенија за лозарите, за време на престојниот викенд сите земјоделско тутунски здруженија ќе одржат работен состанок со една единствена точка реактивирање и организирање на еден заеднички Земјоделски протест, на кој секоја земјоделска гранка ќе си ги истакне своите проблеми.
Тутунарите ќе си го бараат 5-от ковид пакет, лозарите повисока цена за грозјето и исто и ковид мерка, градинарите повисока цена на ајварската пиперка и субвенции по килограм предаден во откупен центар, млеко производителите субвенции за предадено млеко, оризопроизводителите за ниски цени во пресрет на жетвата на оризот и сите останати гранки кои исто така имаат свои барања и неподмирени субвенции и мерки од страна на државата“, се вели во соопштението на тутунарите.