Пресконференција на кандидатот за советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Прилеп, Илија Ристески.
„Почитувани сограѓани дозволете ми најпрво да ви изразам огромна благодарност за масовното присуство на вчерашниот митинг на кој што јасно покажавте дека д-р. Борче Јовчески и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат победници на изборите на 17ти октомври.
Почитувани спортисти, почитувани Прилепчани, Прилеп заслужено го носесеше епитетот најспортски град во Македонија, расадник на успешни спортски клубови кои дадоа голем број врвни спортски имиња. Велиме беше, зошто во последните 4 години професионалниот и рекреативниот спорт во Прилеп стагнираат во секој поглед. Локалната власт на СДСМ очигледно незаинтересирана да ги исполни ветувањата, комплетно го унакажа спортскиот живот во општината. Нема затворен базен, не се обнови салата Партизан, не се обнови сала Македонија, пропаѓаат веќе постоечките игралишта, нема нова спортска и велосипедска инфраструктура. Едно големо ништо!
Но Прилеп заслужуваа многу повеќе! Заслужува полни трибини и бројни спортски успеси на кои сите ќе се радуваме. Тоа ќе го постигнеме со многу работа, посветеност и реални проекти. Затоа ви ветуваме, ви гарантираме, дека по 17 Октомври повторно заедно со вас ќе го вратиме спортскиот дух на Прилеп.
Професионалните спортисти и рекреативците ќе добијат соодветни услови за спорт и работа.
– Ќе ги поддржиме младите спортисти и ќе субвенционираме набавка на опрема за младинските спортски клубови;
– Ќе го поддржуваме фудбалскот клуб Победа и Ракометниот клуб Прилеп;
– Ќе обебзедиме субвенции за набавка на велосипеди и ќе изградиме велосипедски патеки;
– Ќе обезбедиме силна поддршка за унапредување на алтернативните спортови во градот;
-Ќе изградиме затворен пливачки базен согласно сите стандарди;
– Ќе ги реконструираме спортските терени во склоп на Могилата на непобедените;
– Комплетно ќе го реконструираме фудбалскиот стадион “Металец” со придружните објекти за тренинзи за потребите на професионалните екипи од градот;
– Ќе обезбедиме нова ограда и реконструкција на соблекувалните на стадионот во с.Големо Коњари и комплетно ќе го рехабилитраме стадинот во с.Топочлани.
Почитувани,
Заедно со вас ќе се избориме Прилеп повторно да биде најспортскиот град во Македонија, град со квалитетна спортска инфрасруктура, со разработени спортски школи, со содржини за сите Прилепчани кои го негуваат спортскиот дух без оглед на возраста. Затоа ве повикуваме, вие сте тие кои ќе ја донесат оваа промена!
Ве повикуваме на 17 Октомври да го дадете својот глас за број 7 и заедно да ја создадиме нашата подобра иднина“, вели Ристески.
Почитувани сограѓани дозволете ми најпрво да ви изразам огромна благодарност за масовното присуство на вчерашниот митинг на кој што јасно покажавте дека д-р. Борче Јовчески и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат победници на изборите на 17ти октомври.
Почитувани спортисти, почитувани Прилепчани, Прилеп заслужено го носесеше епитетот најспортски град во Македонија, расадник на успешни спортски клубови кои дадоа голем број врвни спортски имиња.Велиме беше, зошто во последните 4 години професионалниот и рекреативниот спорт во Прилеп стагнираат во секој поглед. Локалната власт на СДСМ очигледно незаинтересирана да ги исполни ветувањата, комплетно го унакажа спортскиот живот во општината.Нема затворен базен, не се обнови салата Партизан, не се обнови сала Македонија, пропаѓаат веќе постоечките игралишта, нема нова спортска и велосипедска инфраструктура. Едно големо ништо! Но Прилеп заслужуваа многу повеќе! Заслужува полни трибини и бројни спортски успеси на кои сите ќе се радуваме. Тоа ќе го постигнеме со многу работа, посветеност и реални проекти. Затоа ви ветуваме, ви гарантираме, дека по 17 Октомври повторно заедно со вас ќе го вратиме спортскиот дух на Прилеп. Професионалните спортисти и рекреативците ќе добијат соодветни услови за спорт и работа.
-Ќе ги поддржиме младите спортисти и ќе субвенционираме набавка на опрема за младинските спортски клубови
-Ќе го поддржуваме фудбалскот клуб Победа и Ракометниот клуб Прилеп
-Ќе обебзедиме субвенции за набавка на велосипеди и ќе изградиме велосипедски патеки.
-Ќе обезбедиме силна поддршка за унапредување на алтернативните спортови во градот
-Ќе изградиме затворен пливачки базен согласно сите стандарди
-Ќе ги реконструираме спортските терени во склоп на Могилата на непобедените
-Комплетно ќе го реконструираме фудбалскиот стадион “Металец” со придружните објекти за тренинзи за потребите на професионалните екипи од градот
-Ќе обезбедиме нова ограда и реконструкција на соблекувалните на стадионот во с.Големо Коњари и комплетно ќе го рехабилитраме стадинот во с.Топочлани
Почитувани,Posted by ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп on Tuesday, 12 October 2021