Во борбата за провизии, тендери, партиски вработувања, СДСМ заборави дека во Прилеп и Македонија живеат луѓе кои не се во можност да се грижат за себе и кои имаат потреба од итна помош од својата општина и својата држава. Истакна на денешната прес конференција кандидатот за советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Прилеп, Робертино Илиоски.
„СДСМ во овој петгодишен период заборави на старите лица, на болните лица на лицата со посебни потреби, на децата со посебни потреби и нивните семејства, на самохраните родители и на други лица кои се наоѓаат во состојба на ризик од болест и од сиромаштија и кои имаат итна потреба за помош.
СДСМ се фали со некаква реформа во социјалната заштита, која реформа може да се нарече било како само не „социјална“.
Прво, СДСМ не реформира ништо во системот на социјална заштита на Македонија. Нивната „реформа“ се состои во преименување и укинување. Така, социјалната помош ја нарекоа „гарантиран минимален приход“, а додатоците за мобиленост, за слепило и за глувост (кои за прв пат ги воведе претходната власт на ВМРО ДПМНЕ) ги преименуваа во „надоместок заради попреченост“.
Второ, во овој петгодишен период не превземаа никакви мерки за да им се зголеми заштитата на овие категории на граѓани.
Правото за помош и нега од друго лице кое го остваруваа сите оние граѓани кои се неспособни за работа и материјално необезбедени, го зголемија за нула денари.
Правото за мобилност, слепило и глувост (или по нивно надоместокот заради попреченост) го зголемија за нула денари.
Правото на постојана парична помош го укинаа.
Правото на додаток за енергетска сиромаштија го намалија од 12 месеци на само шест месеци.
Нема никаква дополнителна парична помош за самохраните родители.
Трето, локалната самоуправа на чело со СДСМ не вложи ниту еден денар буџетски средства за подобрување на условите во Домот за стари лица во Прилеп.
Дали единствена инвестиција се „една клупа и 12 столици“ што свечено ги објави градоначалникот во заминување Јованоски на ден 23.11.2018 година.
Четврто, го укинаа проектот „Супер Марио“ кој имаше за цел помош на старите лица кои не беа во можност да се грижат за себе, но немаа потреба да бидат сместени во Домот за стари лица. Со тоа ги оставија овие лица без потребната помош во случај кога самостојно не се во можност да си обезбедат храна, но и да посетат доктор и да ја обезбедат потребната терапија.
Од друга страна во овој петгодишен период, а посебно оваа 2021 година постојано се зголемуваа цените на основните прехрамбени производи (леб, млеко, масло за јадење и слично) и на лековите, а со тоа се зголемуваа трошоците за живот на овие граѓани. А тоа значи дена нивниот животен стандард драстично се намалуваше.
И денес СДСМ во ниту еден митинг, во нито една нивна изјава ниту ги спомнуваа ниту размислуваат како да им помогнат на овие граѓани. Очигледно, провизиите и партиските бизнис и тендерски комбинаторики за нив имаат приоротет пред огромните потреби на овие наши сограѓани.
Почитувани пензионери, почитувани самохрани родители, почитувани корисници на туѓа нега на додаток за мобилност, слепило и глувост, на посебен додаток, само вие знаете како е да се живее со минимални примања, а во време кога секојдневно се соочувате со зголемени цени на леб, масло, млеко, струја, лекови и други основни животни потреби. Само вие знаете да го цените секој денар кој заслужено го добивате.
Затоа, на 17 октомври само вие можете да ставите крај на ваквото однесување на СДСМ, само вие можете да ставите крај на недомаќинското, расипничкото и криминалното владеење на СДСМ.
Само вие, почитувани сограѓани можете повторно да го вратите Прилеп во рацете на одговорни, компетентни и посветени лица, а такви лица нема во политичката понуда на СДСМ.
ВМРО ДПМНЕ во минатото покажа како се гради град, како се гради општина, како се гради држава. ВМРО ДПМНЕ е посветен за обезбедување на благосостојба на Прилеп и неговите жители.
Затоа, почитувани сограѓани, на 17 октомври гласајте за ВМРО ДПМНЕ. Заедно да ставиме крај на бесперпективноста шти ги нуди СДСМ и да почнеме повторно да ја градиме нашата заедничка просперитетна иднина“, додаде Илиоски.