Автобус со работници од фабриката „Кромберг и Шуберт“ се преврте во Битола

Facebook
Twitter
Email
Print


Автобус кој утрово превезувал работници во фабриката „Кромберг и Шуберт“ се превртел од патот на излезот од индустриската зона „Жабени“ во Битола.

Утрово во СВР Битола пријавено е дека во 06.30 на излезот од фабриката ,,Кромберт и Шуберт” има превртен автобус. Полицијата врши увид, а според информациите на СВР Битола повредените се надвор од животна опасност.

Од Битолската болница соопштија дека се донесени 5 повредени пациенти со полесни повреди, третирани амбулантски и не се хоспитализирани.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира