Министерството за здравство неделно ја информира јавноста за починати лица со Ковид 19 кои биле комплетно вакцинирани, какви хронични заболувања имале починатите и колку од починатите со каков тип вакцина биле вакцинирани.
За комплетно вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена.
Во период од 08.10-14.10.2021, починале 105 пациенти со Ковид 19, од нив над 75 % биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти во период од 8.10 до 14.10, само 26 пациенти починати со Ковид 19, биле вакцинирани. Само еден од починатите пациенти немал хронично заболување и имал 80 години.
Двајца пациенти се вакцинирани со вакцината на Фајзер. Тројца со вакцина Астра Зенека, четири починати пациенти со Ковид 19, примиле вакцина Синовак, а 17 пациенти примиле вакцина од производителот Синофарм.
„Министерството за здравство во продолжение ве информира за возраста и хроничните заболувања што ги имале 26 те пациенти, кои починале со ковид.
8 октомври
Пријавени за починати 16 пациенти со Ковид 19, 5 од починатите биле вакцинирани:
84 год. кардиолошко заболување
62 год. кардиолошко заболување
78 год. кардиолошко заболување
63 год. кардиолошко заболување и дијабет
73 год. кардиолошко заболување и дијабет
9 октомври
Пријавени за починати се 18 пациенти, само 1 од пациентите бил вакциниран. Пациентот имал 80 години и имал две хронични заболувања дијабет и кардиолошко заболување.
10 октомври
14 пациенти пријавени за починати, од нив 3 вакцинирани.
64 год. кардиолошко и малигно заболување
59 год. со кардиолошко заболување
68 год. кардиолошко заболување и дијабет
11 октомври
18 пациенти пријавени за починати од нив 6 вакцинирани:
72 год. кардиолошка и белодробна болест
69 год кардиолошка болест
81 год кардиолошка болест и дијабет
76 год кардиолошка болест
64 год белодробно заболување
56 год кардиолошко заболување
12 октомври
6 пријавени за починати, само 1 вакциниран пациент на 80 години – нема хронично заболување;
13 октомври
20 пријавени за починати, 8 вакцинирани:
61 год. кардиолошко заболување и хипотироидизам
80 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет
77 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет
48 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет
72 год. кардиолошко заболување, дијабет и бубрежно заболување
77 год. кардиолошко и белодробно заболување
78 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет
71 год. кардиолошко заболување
14 октомври
13 пријавени за починати, 4 вакцинирани:
75 год. крдиолошко заболување
74 год. кардиолошко заболување и дијабет
64 год. кардиолошко заболување и дијабет
77 год. невромускуларно заболување“, велат од МЗ.