Гир: ЕК очекува почеток на преговорите со Македонија до крајот на годинава

Facebook
Twitter
Email
Print


Европската комисија потврди дека Република Македонија ги исполнува критериумите да ги почне преговорите за членство и смета дека одложувањето има негативно влијание врз кредибилитетот на ЕУ, истакна еврокомесарот Дејвид Гир, презентирајќи го извештајот на ЕК за напредокот на земјата во процесот на евроинтеграција.

Гир на заедничката прес-конференција со вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, го пренесе заклучокот на ЕК дека се очекува првата меѓувладина конференција со која би бил означен стартот на преговорите со Македонија да се одржи до крајот на годинава.

Затоа, истакна, Гир треба да бидат засилени напорите за решавање на прашањето со Бугарија.

Треба да продолжи и имплементацијата на билатералните договори со Бугарија и со Грција, од сите страни потписници.

Земјата покажа цврста решеност да напредува кон ЕУ, одржува чекор во реформите и има резултати. Треба да продолжат напорите поврзани со борбата против корупцијата, владеење на правото и реформа на админситрацијата, порача евроамбасадорот Дејвид Гир.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи