Интересен астрономски настан се случи вчеравечер на небото над Хрватскa. Паднал метеор којшто можел да се забележи од речиси сите делови на земјата. Бројни набљудувачи објавија дека станувало збор за доста светол објект на североисточниот хоризонт кој горел неколку секунди.
Хрватскиот астрономски сојуз објави видео од падот на метеорот и порака околу тоа.
„Сакаме да ја информираме јавноста дека се очекува зголемена метеорска активност, бидејќи предвидената максимална активност на метеорскиот дожд Орионид е предвидена за раните утрински часови на 21 октомври“, соопшти Сојузот.
Според порталот „Далмација“, метеорот имал зеленкаст сјај, а забележани биле три посилни блесоци.
Prema do sada dostupnim podacima, meteor bolid koji su mnogi vidjeli večeras iz Hrvatske oko 18:28, ako je nešto od njega ostalo, pao je kao meteorit na teritoriju Mađarske 100-150 km sjeverno od Virovitice. Snimak iz Mađarske!
#allsky7Posted by Hrvatski astronomski savez on Wednesday, 20 October 2021