Националниот парк Галичица сподели одлични вести – во паркот е забележано присуство на млада единка на балканскиот рис.
Првото евидентирање на овa животно во паркот после неколку децении беше во втората половина од 2020-та година, а потоа уште неколкупати. Одговорните од Националниот парк Галичица велат дека фотографијата е направена во научни цели и дека е неверојатно што испаднала речиси совршена фотка.
Во соработка со Македонско еколошко друштво се прават напори да се процени популацијата на балканскиот рис, вклучително според бројноста на срните што се дел од неговата исхрана.
Балкански рис (науч. Lynx lynx balcanicus) — подвид на евроазискиот рис од родот рис (Lynx).
Балканскиот рис е национален симбол на Македонија и се наоѓа на монетата од пет денари. Рисот се смета за најголема мачка во континентот. Балканскиот рис е на работ на истребување. Се проценува дека има околу 100 единки останато. Балканскиот рис започнува да се пари во јануари до февруари, а се раѓаат малите во април.